Услови за користење

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови за користење.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на Термонет ДООЕЛ, значи дека сте запознaени со нашите Услови за користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

1. Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на Термонет ДООЕЛ, која е детално опишана во делот насловен: “Упатство за купување” и “Достава”, потребно е Термонет ДООЕЛ да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Термонет ДООЕЛ, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и Термонет ДООЕЛ воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите. 

Термонет ДООЕЛ ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци. 

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на termonet@t.mk или на + 389 2 5112 345
Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, Термонет ДООЕЛ да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови за користење. 

2. Гаранции и одговорности

Термонет ДООЕЛ ја управува страницата www.termonet.mk од своето седиште на ул. Франклин Рузвелт бр.15 лок1 1000 Скопје. Така, Термонет ДООЕЛ гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Македонија. Од друга страна, Термонет ДООЕЛ не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Македонија, тоа го правите свесни за последиците и по сопствена волја. Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, Термонет ДООЕЛ не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на Термонет ДООЕЛ. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. Термонет ДООЕЛ не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа Термонет ДООЕЛ не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

Термонет ДООЕЛ нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб-сајт. Сепак, Термонет ДООЕЛ има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Термонет ДООЕЛ не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија.

3. Политика и услови за достава

Доставната служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е до 7 работни дена на цела територија на РМ.

За сите нарачки над 6000 денари, испораката е бесплатна за цела Македонија.

За нарачките чија вредност е помала од 6000 денари се плаќа 200 денари за испорака на територијата на Република Македонија.

Пратките се доставуваат до првата врата ( дворна врата од куќа, влезна врата од зграда ) и важи за сите производи. Во недела и празници доставната служба не ги доставува производите.

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку доставните служби во Скопје на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или во готово при преземање од доставната служба.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. Право на рекламација

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното и сето тоа по барање или мислење на купувачот, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 7 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети, не оштетен, пакувањето зачувано и сл.Транспортниот трошок за враќање на производите во овој случај е на трошок на купувачот. Можете да го вратите лично или преку доставните служби на РМ.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 02/5112 345 или на нашата електронска адреса termonet@t.mk и тоа во рок од 24 од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.
Ако Термо Систем ДООЕЛ нема ист ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. Термо Систем се обврзува да ве извести дали има има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Пополнете ја Формата “РЕКЛАМАЦИЈА” која се наоѓа во долните дел на нашата веб страна.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка и банката која ќе ја наведете во Формата “РЕКЛАМАЦИЈА”.

5. Достава на производ со недостатоци

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.

Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа:
– врз основа на презентирање на производот;
– употребата за која е разумно дека производот ќе се користи;
– времето кога производот е пуштен во промет и
– кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрочувачи или договорните обврски.

Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид:
– својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување;
– дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи;
– презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и
– категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:
– бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
– сразмерно намалување на продажната цена;
– замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
– замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на
производната цена и
– раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.

Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда. Термонет е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила.
Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање.

6. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

Термонет ДООЕЛ го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Македонија.

7. Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на Термонет ДООЕЛ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Термонет ДООЕЛ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

8. Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички

Термонет ДООЕЛ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Термонет ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
9. Политика за заштита на доверливите податоци и информации

Термонет ДООЕЛ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Термонет ДООЕЛ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

10. Политика на поврат на средства по траксакција со платежни картички

Термонет ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. 

Доколку корисникот нарача производ и во случај ТЕРМОНЕТ не може да го обезбеди производот кој е нарачан, средствата се враќаат назад на корисникот кој ги уплатил.

11. Начин на плаќање 

ТЕРМОНЕТ  ви озвозможува да го платите одбраниот производ со:

  • со платежните картички VISA, MasterCard и Maestro од било која банка во Р.Македонија преку CaSys International картичниот систем
  • во готово (при испораката на нарачката)
  • вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство

Плаќање при испораката на нарачката:

Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака на дадената адреса да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака на соодветната адреса се извржува исклучиво во готово. Во случај да примачот не е во состојба да ја прими пратката на наведената адреса, курурот е должен да остави известување за пратката.

Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:

Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата email адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката.

Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или редовниот начин со уплатница во најблиската банка или пошта.

По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адреса за испорака.

За платените нарачки ви нудиме и можност за лично подигање во нашиот дистрибутивен магацин во Скопје:

Адреса: Франклин Рузвелт бр.15 лок1 Скопје,  Македонија

Можност за купување на РАТИ!!!

Согласно со вашата картичка која ја користите и на која имате интерен договор на рати со вашата банка.

12. Нарачка и лично подигање 

  • Опис на купување преку картичка (Е-ПРОДАВНИЦА)

1. Отворете сметка ако прв пат купувате, ако сте веќе корисник во нашата продавница само најавете се.

2. Го бирате производот кој сакате да го купите –> Селектирате ВО КОШНИЧКА –> Горе десно кликате на кошничката и ви се отвара производот кој сте го одбрале –> Кликате преглед доколку сакате да видите кои производи ви се во кошничка или можете да кликнете веднаш во ПЛАЌАЊЕ

3. Откако сте кликнале ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна со 6 чекори за да извршите ПЛАЌАЊЕ. На секое пополнето поле кликате продолжи и ќе стигнете до 6ти чекор – ПОТВРДА НА НАРАЧКА

4. Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на ПРОДОЛЖИ СО ПЛАЌАЊЕ, вашата нарачка автоматски се префрлате на страница каде што ќе извршите уплата со вашата платежна картичка.

5. Со внес на вашите валидни податоци автоматски ќе се потврди вашата наплата.

  • Нарачка по телефон и email

Ако немате доволно време за вашата нарачка да ја направите преку нашата интернет продавница, вие ви даваме можност истата да ја направите преку нашиот телефонски број  02 5112 345 или преку email на termonet@t.mk

Нашите оператори ќе ви помогнат во процесот на регистрација, користењето и функционалноста на интернет продажбата, пребарување на артиклите, како и во изборот на последните чекоти при купувањето.

Ако се одлучите вашата нарачка да ја спроведете преку нашите оператори, телефонски или преку е-пошта, потребно е да ни оставите информации за:

– Примателот

– Адреса за испорака

– Контакт телефонски број

Ние ќе ви испратиме понуда со уплатница или ќе ви ја испорачаме пратката на дадената адреса, со можноста за плаќање при самата испорака (во готово).

За нарачки направени преку телефон или email, не се овозможува плаќање со кредитна картичка поради заштита на вашите лични податоци.

Работно време на операторите 

  • Понеделник – Петок: 08:00 – 16:00 часот

За време на викенди и празници нарачките се овозможени само преку нашата веб страница со што телефонскиот број не е во функција.

  • Лично подигање

Платените нарачки можете лично да ги преземете во нашиот дистрибутивен магацин.

Тој се наоѓа во Скопје на адреса:Франклин Рузвелт бр15 лок1.

Работно време на магацинот:

  • Понеделник – Петок: 08:00 – 18:00 часот
  • Сабота – 09:00 – 14:00 часот

При лично подигање на артиклите кои ги имате претходно нарачано, ве молиме прво проверете дали артиклите се подготвени за преземање на телефонскиот број: 02 5112 345

Кога лично се подигнуваат артиклите во нашиот магацин Ве молиме да понесете копија од фактурата која е пратена на вашата email  адреса. При подигнување на артиклите од нашиот магацин немате никакви дополнителни трошоци за испорака.

Забелешка: Кога артиклите се платени со општа уплатница, истите ќе бидат испорачани кога уплатените средства ќе бидат прокнижени на нашата банковна сметка (според принципите на банките – по правило, наредниот работен ден) затоа ве молиме проверете го статусот на нарачката на телефонскиот број  02 5112 345

13. Безбедна испорака

Цената на испораката е 200 ден. за вкупна нарачка до 6000 ден., над 6000 ден. испораката е бесплатна.

Доставната служба ја испорачува секоја пратка во рок до 7 работни дена на целата територија на Р. Македонија, до секоја адреса и населено место.

Пратките се доставуваат до првата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Во недела и празниците доставната служба не испорачува.

Други информации околу испораката

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштетени. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Сите пратки се обезбедени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При преземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за преземањето.

За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број: +389 2 5112 345, или преку email termonet@t.mk

14. Гаранција на производите

Гаранцијата на производите се наоѓа во Описот на производите. Во случај на некаков дефект, обратете се прво кај инсталатертот кој ја извршил монтажата или кај сервисерот кој го пуштил производот во работа. Во колку не успеете да го решите проблемот со нив, тогаш контактирајте не нашите броеви 02/ 5112 345 или на нашиот меил termonet@t.mk.

Можете да пратите барање и преку Формата за Рекламација на производ , која се наоѓа во долниот дел на нашата продавница.

15. Ваучер (подарок) 

1. Ваучерот треба да го пополните со податоци на примачот кој самиот формулар ги бара.

2. Откако ќе го пополните формуларот, продолжувате со плаќање на ваучерот. 

3. Вашиот ваучер се наоѓа во ШОПИНГ КОШНИЧКА 

4. Откако сте кликнале ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна со 6 чекори за да извршите ПЛАЌАЊЕ. На секое пополнето поле кликате ПРОДОЛЖИ и ќе стигнете до 6ти чекор – ПОТВРДА НА