Начини на плаќање

  • Начин на плаќање

ТЕРМОНЕТ ви озвозможува да го платите одбраниот производ со:

со платежните картички VISA, MasterCard и Maestro од било која банка во Р.Македонија преку CaSys International картичниот систем
во готово (при испораката на нарачката)
вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство
Плаќање при испораката на нарачката:

Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака на дадената адреса да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака на соодветната адреса се извржува исклучиво во готово. Во случај да примачот не е во состојба да ја прими пратката на наведената адреса, курурот е должен да остави известување за пратката.

Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:

Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата email адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката.

Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или редовниот начин со уплатница во најблиската банка или пошта.

По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адреса за испорака.

За платените нарачки ви нудиме и можност за лично подигање во нашиот дистрибутивен магацин во Скопје:

Адреса: Франклин Рузвелт бр.15 лок1 Скопје, Македонија

Можност за купување на РАТИ!!!

Согласно со вашата картичка која ја користите и на која имате интерен договор на рати со вашата банка.

  • Нарачка и лично подигање

Опис на купување преку картичка (Е-ПРОДАВНИЦА)

  1. Отворете сметка ако прв пат купувате, ако сте веќе корисник во нашата продавница само најавете се.
  2. Го бирате производот кој сакате да го купите –> Селектирате ВО КОШНИЧКА –> Горе десно кликате на кошничката и ви се отвара производот кој сте го одбрале –> Кликате преглед доколку сакате да видите кои производи ви се во кошничка или можете да кликнете веднаш во ПЛАЌАЊЕ
  3. Откако сте кликнале ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна со 6 чекори за да извршите ПЛАЌАЊЕ. На секое пополнето поле кликате продолжи и ќе стигнете до 6ти чекор – ПОТВРДА НА НАРАЧКА
  4. Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на ПРОДОЛЖИ СО ПЛАЌАЊЕ, вашата нарачка автоматски се префрлате на страница каде што ќе извршите уплата со вашата платежна картичка.
  5. Со внес на вашите валидни податоци автоматски ќе се потврди вашата наплата.

Нарачка по телефон и email
Ако немате доволно време за вашата нарачка да ја направите преку нашата интернет продавница, вие ви даваме можност истата да ја направите преку нашиот телефонски број 02 5112 345 или преку email на termonet@t.mk

Нашите оператори ќе ви помогнат во процесот на регистрација, користењето и функционалноста на интернет продажбата, пребарување на артиклите, како и во изборот на последните чекоти при купувањето.

Ако се одлучите вашата нарачка да ја спроведете преку нашите оператори, телефонски или преку е-пошта, потребно е да ни оставите информации за:

– Примателот

– Адреса за испорака

– Контакт телефонски број

Ние ќе ви испратиме понуда со уплатница или ќе ви ја испорачаме пратката на дадената адреса, со можноста за плаќање при самата испорака (во готово).

За нарачки направени преку телефон или email, не се овозможува плаќање со кредитна картичка поради заштита на вашите лични податоци.

Работно време на операторите

Понеделник – Петок: 08:00 – 16:00 часот
За време на викенди и празници нарачките се овозможени само преку нашата веб страница со што телефонскиот број не е во функција.