Прашања

Како да се нарача преку интернет?

Кога ќе го извршите пребарувањето и ќе го селектирате саканиот производ, под него можете да го забележите копчето “ Нарачај “. Ако се имате одлучено за производот, кликнете на копчето. Кога ќе кликнете на “Нарачај“ се отвара додатно прозорче на кое има две опции.

Доколку сакате да нарачате уште производи изберете ја опцијата “Продолжи со др.производи“, доколку пак ја завршивте нарачката изберете “Оди на комплетирање на нарачката“.

Кога ќе го изберете “Оди на комплетирање на нарачката“ ќе се отвори нова страна каде што ќе треба да оставите дополнителни податоци како број на телефон и електронска адреса, за да би можеле да ве контактираме. Ова не значи дека нарачка е завршена, туку информација да нашиот продажен тим кој ќе ве упати ва понатамошната процедура.

Како се врши плаќањето доколку се нарача преку интернет?

Доколку имате нарачано производи преку интернет, вие ги имате оставено вашите податоци преку кои ние би можеле да ве контактираме. Доколку нема услови да дојдете во нашите простории ние ќе ви пратиме профактура на саканите производи по електронски пат. Кога уплатата ќе биде завршена ние ќе ја организираме испорака на производите.

Дали можам да платам во готово или со картичка?

Во зависност од желбите на корисникот плаќањето може да биде во готово или пак со картичка.

Дали може да платам на рати?

Да, доколку имате картичка на НЛБ Тутунска банка плаќањето можете да го извршите на 12 месечни рати. Во овој случај морате да дојдете во нашите простории за да го реализирате плаќањето.

Како се врши испорака на саканите производи?

Доколку купувачот не е во можност да дојде во нашите простории ние вршиме достава на производите преку Карго испорака за цела Македонија, која ние ја организираме за вас. Сметката за испорака на производите ја подмирува купувачот.

За колку време може да ги добијам нарачаните производи?

Во зависност од тоа кога ќе се реализира уплатата, ние во текот на наредниот работен ден ќе ја спремиме нарачата за испорака.

Дали можам да ја откажам нарачката?

Нарачката може да се откаже се додека уплатата за саканите производите не е извршена.